Вести Изјави Македонија Ударни вести

Османи: Сочувство до Турција и турскиот народ

Сподели:

 

“Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета која го отежнува справувањето со последиците”, напиша на официјалниот ФБ профил, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
 
“Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава.
 
Со Турција имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји. Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сѐ што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја.”
Сподели: