Османи свика засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена

Сподели

 

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во работна посета на Виена, каде на негово барање се одржува засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Како Претседавач, свикав засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. На состанокот, заедно со министрите за надворешни работи и други високи претставници на земјите-учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ, ќе разговараме за клучните предизвици што ја засегаат Организацијата и луѓето кои ги претставуваме.
 
Денешниот состанок опфаќа прашања поврзани со функционирањето на Организацијата, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ и почитувањето на принципите на безбедност и соработка.
 
Мораме да ја потврдиме нашата посветеност за заеднички пристап во изнаоѓање на решение што ќе биде одржливо на долг рок”, изјави министерот Османи.