Вести Изјави Македонија Ударни вести

Османи: За дојавите за бомби во земјава го алармиравме НАТО

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи вели дека дојавите за бомби во Скопје, но и останатите градови во државата се дел од хибридните закани.

Османи изјави дека веќе го алармирале НАТО за честите дојави за поставени бомби на различни локации во Македонија.

 

– Вчера комунициравме со структурите на НАТО и ќе видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи. Вакво нешто се случува и во регионот. Црна Гора реши училиштата да бидат онлајн, а истото се случува и во Хрватска. И ова ми даде сигнал дека тоа е регионален пристап како хибриден напад врз регионот, за што беше и еден начин за да ја алармираме НАТО, изјави минисстерот Османи.

Сподели: