Осомничениот напаѓач во Манчестер не дејствувал сам

Сподели

Осомничениот напаѓач за смртоносниот терористички напад во Манчестер веројатно не дејствувал сам и донекаде им бил познат на властите, изјави денес министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Амбер Руд, јавува Anadolu Agency (AA).

Руд зборуваше за Sky News откако нивото на заканата во земјата се зголеми на критично, што значи дека нов напад би можело да биде неизбежен.

Во состојбата која е на критично ниво, војниците ќе заштитат некои клучни места како Бакингемска палата, Даунинг стрит, амбасади и парламентот.

Руд изјави дека постои протокол на местото за да и дозволи на војската да ја поддржи полицијата, додавајќи дека овој потег ќе им овозможи на полицијата да се фокусира на други области.

„Владата на Велика Британија целосно очекува дека ова ќе биде привремено”, додава Руд.

Министерката за внатрешни работи изјави дека специјалците за тероризам извршиле проценка по понеделничкиот напад во Манчестер во кој загинаа 22 а повредени се 64 лица.

Дваесет лица од повредените се во критична состојба, соопштија од здравството.

Најмладата од четирите жртви кои досега се идентификувани е осумгодишната Сафи Роуз Русос.

Британецот, Салман Абеди се сомничи за самоубиствениот напад во Манчестер Арената. Експлозијата се случи во холот на салата кога луѓето си заминувале од концертот на американската поп ѕвезда Аријана Гранде.

Заканата за тероризам во Велика Британија беше зголемена на критично ниво двапати претходно, во 2006 и во 2007 година, и траела по неколку дена.

– Поврзаност со Сирија –

Во меѓувреме, зборувајќи за BFMTV, францускиот министер за внатрешни работи, Џерард Коломб изјави дека осомничениот за нападот во Манчестер веројатно патувал во Сирија, при што таа информација ја добиле од британските власти.

„Денес само го знаеме тоа што британските истражуачи ни го кажаа дека а тоа е дека некој со британско државјанство по потекло од Либија кој одеднаш по патување во Либија потоа веројатно во Сирија, се радикализирал и одлучил да го изврши овој напад”, вели министерот.

На прашањето дали верува оти Абеди имал поддршка од некоја терористичка мрежа, министерот Коломб изјави: „Тоа сеуште не се знае, но веројатно. Во секој случај, поврзаноста со ДЕАШ е докажана”.

Терористичката организација ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер преку онлајн соопштение но нејзината вмешаност не е потврдена.

На прашањето дали на 13 ноември 2015 година нападите кои се случија во Париз во кој загинаа 130 лица можеле да се случат во Велика Британија, Коломб изјави дека напаѓачите се двоумеле помеѓу Франција и Велика Британија.

„Во тоа време, метата на терористичката организација ДЕАШ не беше целосно одредена”.

Антитерористичката полиција синоќа на аеродромот Станстед во близина на Лондон исто така уапси 37 годишен маж кој се обидувал да отпатува од Велика Британија во Турција.

Машкото лице чиј идентитет не е објавен е приведен во рамките на борбата против тероризмот, но не е утврдена поврзаноста со нападот во Манчестер, вели полицијата.