Вести Македонија

Осомничените во „Трезор“ не се појавија

Сподели:

Основниот суд денеска ги повика на сослушување четорицата осомничени од предметот што пред два дена го иницираше Специјалното јавно обвинителство.

Во поголем дел од денот не беше забележано пристигнување на ниту еден од осомничените – сите поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи и во Управата за контарразузнавање. На повиците не одговараа ниту од СЈО чиј претставник-обвинител беше во зградата. Од судот преку кусо соопштение информираа дека судии на претходна постапка постапувајќи по предлозите за определување притвор за едно лице и определување мерки на претпазливост против три лица испратил покани до странките и засегнатите и закажал нивно сослушување во текот на денот.

Иако тимот на Катицa Јанева не го соопшти идентитетот на осомничените, домашните медиуми објавија дека станува збор за екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ.

Тие се осомничени дека во периодот 2010-2015 неколкупати го оштетиле буџетот за 862.000 евра преку набавка на опрема за МВР која наместо да се купи директно од произведувачот била набавувана преку домашната фирма „Финзи“.

voanews.com

Сподели: