Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Да ги одмориме лекарите, медицинските сестри и болничарите

Сподели:

 

„Вакцините се единствениот начин да имаме извесна иднина. Да ја дигнеме на нозе економијата и да ги јакнеме работните места. Да ги одмориме лекарите, медицинските сестри и болничарите, за да можат да се вратат на својот редовен начин на работа. Вакцините се единствениот начин да спречиме повеќе губење на човечки животи. Неприфатливо е да не го применуваме тоа решение“, порача премиерот Заев на промоцијата на кампањата „Вакцинирај се!“

 

 

Кампањата „Вакцинирај се!“, има за цел и да им го сврти вниманието на граѓаните кон потребата да бидат внимателни кога до нив стигаат информации и вести кои не почиваат на вистина и на факти и во таа насока беа дел од поентите на министерот за здравство Венко Филипче.

„Преку оваа кампања меѓу другото ќе се бориме и против низа дезинформации кои се уште циркулираат и ги збунуваат и заплашуваат граѓаните. Наша цел е како и досега да ја испратиме вистинската информација и да ги разбиеме митовите и невистините околу вакцините. Во ова сакам да ни помогне секој кој смета дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Во оваа кампањата ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, јавни личности, локални лидери и авторитети и сите кои сакаат да се вклучат и ја пренесат пораката – Вакцинирај се!“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој издвои и повеќе факт за интересот за вакцинација кај населението кој секојдневно се зголемува, но потенцираше дела сѐ уште сме далеку од потребниот опфат со вакцинација на населението за стабилизација на состојбата и излез од кризата.

„Би сакал посебно да им се обратам на младите кои се категорија која сѐ уште е вакцинирана во мал процент. Вакцинирајте се и заштитете се себе но и најблиските. Никој не е целосно заштитен и сигурен, иако младите често поминуваат полесно, имаме за жал и тешки случаи кои мора да ги превенираме“, нагласи министерот за здравство.

Филипче апелираше граѓаните да се вакцинираат како единствен најсигурен и безбеден начин да се заштитат себе си и целата заедница. Министерот уште додаде дека по вакцинацијата е потребно време за имунолошкиот систем да одговори и да создаде имунитет до конечен крај на пандемијата, здравствените мерки и протоколи и натаму остануваат важна алка во целиот систем и борба против КОВИД-19.

„Почитувањето на актуелните мерки и протоколи, во комбинација со вакцинација, многу побрзо ќе придонесе до крај на пандемијата“, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата на која заедно со претседателот на Владата Зоран Заев ја започнаа кампањата „Вакицинирај се!“

Сподели: