Вести Македонија Ударни вести

Оставен куфер предизвика вознемиреност на автобуската станица во Скопје

Сподели:

 

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, информираат од МВР.

Сподели: