Вести Македонија Ударни вести

Отфрлена тужбата на министерот Чулев против Владата

Сподели:

 

Управниот суд ја отрфлил тужбата на техничкиот министер за вантрешни работи Наќе Чулев против Владата, што тој ја поднесе за повреда на административни процедури  со поништувањето на неговата одлука со која го разрешил началникот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово Амир Далип и именувал дополнителен  заменик началник на СВР Тетово.

Од Владата денеска соопштија дека тужбата од Чулев е отфрлена и постапката на министерот за разрешување и именување е оценета како незаконска.

-Владата на Република Северна Македонија, како тужена страна, го доби решението од Управниот суд на Република Северна Македонија со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи, застапувано од министерот Наќе Чулев, поднесена за наводна повреда на административните процедури при донесување на Одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување на Амир Далип од позицијата началник на Сектор за внатрешни работи – Тетово и за именување на дополнителен заменик началник на СВР-Тетово, се отфрла и постапката на министерот за разрешување и именување се оценува како незаконита, соопшти владината прес-служба.

Според образложението на судскиот совет, Управниот Суд, имајќи го предвид членот 2 од одлуката на Владата, согласно член 48, став 2, од Законот за Влада, во кој се определува постапка во случај на сомневање од можно незаконско постапување од страна на министерот, најде дека тужбата на министерот Чулев е беспредметна.

Сподели: