Вести Македонија

Откажани летовите заради густата магла на “Александар Велики”

Сподели:

 

Поради густата магла во Скопје и околината отежнат е патниот и авиосообраќајот. На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на интернет страницата на аеродромот, поради намалената видливост не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и Барселона.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сподели: