Отказни решенија за вработени во „Баргала“- Штип

Сподели

 

Поради кршење на работен ред и дисциплина 100 работници од штипската фабрика „Баргала“ добија отказни решенија. Вработените пред десетина дена имаа протест, си ги бараат двете плати, а пред четири дена им пристигнаа и отказни решенија, бараа заштита и од локалната власт, а денес почнаа со поднесување на приговори.

На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16-ти не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега, изјави Македонка Данева, вработена во Баргала, која за четири месеци треба да оди во пензија.

Не избркаа како кучиња! Не сме биле три дена на работа. А ние не три дена, три месеци не сме на работа, вели работничката Борка Стоиловска.

Весна Кузманова -Тодоровска, претставник на ССМ, вели дека отказите на работниците им се дадени на незаконски начин.

-Од страна на претпоставените им било кажано да не доаѓаат на работа се додека не бидат повикани. Во конкретниот случај се работи за класична измама. Вчера поднесовме пријава до Државниот трудов инспекторат, а сега подготвувавме материјали да поднесеме пријава до Јавното обвинителство, изјавиКузманова-Тодоровска.

Сојузот на синдикати најави дека отказите на работниците од штипска „Баргала“ ќе се најдат пред обвинителството.

Менаџерот на штипска Баргала, Наум Барзов вели дека отказите не се поврзани со протестот, за обвинувањата на синдикатот и на работниците не може да одговори, оти не ги знае деталите. Смета дека синдикатот не им ја објаснил на работниците до крај правната постапка.