Отворен ден за креирање на Буџетот на Општина Илинден за 2027

Сподели:

Општина Илинден е во процес на подготовка на Буџетот за 2027 година, при што во периодот од 9 до 25 ноември граѓаните имаа можност преку пополнување анкетен прашалник да ги достават своите идеи, предлози и иницијативи и активно да учествуваат во буџетското планирање.

Во продолжение на овој процес, Општина Илинден ги повикува сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на отворен ден, кој ќе се одржи на 28.11.2026 година (сабота), од 10:00 до 14:00 часот, во просториите на Општина Илинден.

Преку директна комуникација со градоначалникот и претставниците на општинската администрација, граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите потреби, предлози и приоритети и непосредно да учествуваат во креирањето на Буџетот за наредната година.

Општина Илинден ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во овој процес и со своите предлози да придонесат кон подобрување на квалитетот на локалните услуги, унапредување на условите за живот и понатамошен развој на општината.

Сподели: