Отворен новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на пулмологија

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, во близина на Интерните клиники.

 

 

“Во функција ги пуштивме новите амбуланти на Клиниката за пулмологија. Објектот го завршивме во рекордно време, за само 2 месеци. Во овие амбуланти, на 450 м2 се сместени сите потребни инструменти и апарати за да се примат, прегледаат и брзо дијагностицираат сите пациенти коишто имаат проблеми со белите дробови, а доаѓаат и бараат услуга од клиниката за пулмологија којашто е врвна и единствена терциерна установа во нашата земја од таа област. После 50 години, го менуваме изгледот и функционалноста на целокупниот кампус во Клиничкиот центар. Ги подготвуваме капацитетите за есенските месеци за поефикасно справување со коронавирусот” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче..