Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 5 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.
Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.
Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.
Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари, информираат од НБРМ.


