Спорт

Ова е листата на најдобрите неамерикански кошаркари на сите времиња – Кој е на врвот?

Сподели:

Специјализираниот портал „Hoops Hype“ објави листа на 75 најдобри странци во историјата на НБА лигата.

фото: HoopsHype

Под странци се мисли на играчи кои не се родени во САД, без разлика дали настапувале за оваа репрезентација.

На првото место се најде Хаким Олајџувон, кој беше член на златната генерација на САД на Олимписките игри во 1996 година, но е роден во Нигерија. Втор е Германецот Дирк Новицки, а во првата петорка се уште и Гркот Јанис Антетокумпо, Канаѓанецот Стив Неш и Шпанецот По Гасол.

Од балканските простори најдобро пласиран на осмото место е Никола Јокиќ, Пеѓа Стојаковиќ е 16, Владе Дивац 20, Дејан Бодирога 50, Предраг Даниловиќ на 67 место.

Покрај нив гласови добија и Драган Киќановиќ, Радивој Кораќ, Немања Бјелица, Милош Теодосиќ, Богдан Богдановиќ и Александар Џорѓевиќ, но тие ги немаше на конечниот список.

Од играчите од регионот, Лука Дончиќ е на 11-то место, Дражен Петровиќ е 14-ти, Тони Кукоч 22-ри, Горан Драгиќ 29-ти, а Дино Раџа 37-ми на оваа листа.

The post Ова е листата на најдобрите неамерикански кошаркари на сите времиња – Кој е на врвот? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: