Спорт

Овој фудбалски клуб влегува во Гинис – По еден параметар е најдобар на светот!

Сподели:

Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја има најверната база на навивачи во светот.

Фактите се кажуваат: Бока неодамна достигна бројка од дури 300.000 навивачи кои плаќаат членарина, што е апсолутен светски рекорд кога станува збор за бројот на симпатизери на еден клуб.

Бока сака да ја зголеми оваа бројка, да влезе во Гинисовата книга на рекорди, па дури и испрати мејл за оваа неверојатна бројка на споменатата адреса.

,,Тоа е нашата идеја, да се обидеме да влеземе во Гинисовата книга на рекорди како клуб со најголем број навивачи со платена членарина. Знам дека сме блиску – воодушевено изјавил менаџерот на клубот Алехандро Козентино.

Славниот клуб на 3 април го прослави својот 117 роденден, речиси истовремено освојувајќи го 72. Куп во својата богата историја.

Според луѓето од Бока, клубот моментално брои девет категории на членство, меѓу кои најбројни се најлојалните, активните и оние од странство.

Бока има огромна база на навивачи надвор од Аргентина, од каде исто така е можно да се стане член на клубот.

Каков клуб, какви бројки и какви фанови…. секоја чест за нив!

The post Овој фудбалски клуб влегува во Гинис – По еден параметар е најдобар на светот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: