Пад на продажбата на зелените пазари во Македонија за 20 отсто

Сподели

Откако големите супер маркети активно го третираат сегментот на мини зелени пазари, во Македонија се чувствува пад на продажбата на зелените пазари за околу 20 проценти

thumbs_b_c_b31ba19527f56f37057104270f83c59c

СКОПЈЕ (АА) – Стопанската комора на Македонија и Групацијата на пазари, во рамките на Асоцијацијата на општинските услуги во Скопје одржаа прес-конференција на тема „Модернизација и инвестирање во зелените пазари во регионот – поттик за понатамошен развој на пазарите во Македонија“, со цел зелените пазари да останат атрактивни за купувачите преку осовременување и модернизација, наспроти појавата на големите супер маркети кои во еден дел стануваат конкуренција на зелените пазари, јавува Anadolu Agency (AA).

Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија рече дека според спроведената анализа, поради пазарите на големо, кои активно се занимаваат со продажба на производи, кај зелените пазари во Македонија се забележува пад од 20 отсто во продажбата.

„Пазарите се претпријатија кои се основани од страна на локалните власти, но нивната модернизација секогаш не зависи само од проекти понудени од страна на организаторите на пазарите. Тука станува збор и за условите за градење и дефиницијата на урбаните средини. Пред сѐ, модернизацијата на пазарите зависи од урбанистичките решенија што постојат на локално и на државно ниво“, рече Василевска.

Василевска додаде дека овој тренд не постои само во Македонија, туку и во целиот регион. Таа истакна дека соработката меѓу земјите од регионот, преку размена на идеи и искуства и со модернизација на пазарите преку вложувањата во изгледот и во нивните производи. Инаку, повеќе од 10 илјади семејства во Македонија, живеат од заработката од зелените пазари.

Откако големите супер маркети активно го третираат сегментот на мини зелени пазари во Македонија се чувствува пад од околу 20% на продажбата на зелените пазари.