Парична награда за воено-медицинскиот кадар вклучен во борбата против Ковид19

Сподели

 

Владата го прифати предлогот на Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19.

Во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучи во борбата со КОВИД 19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец тие дадоа поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20 000 до 30 000 денари.