Вести Македонија

Парите од обврзницата, денеска легнаа на сметката на НБРМ

Сподели:

euros

За новото задолжување од 450 милиони евра преку еврообврзница, денеска позитивно мислење дало Министерството за правда. Министерот за финансии, Кирил Миноски, на собраниската седница за ребалансот на буџетот потврди дека утринава министерот Валдет Џафери го ставил својот потпис на документ што потврдува дека еврообврзницата од 450 милиони евра е легално издадена.

Миноски повтори дека ќе бидат поднесени пријави до сите што го нарушиле угледот на институциите и на државата и дека ќе биде поднесено барање за, како што рече, побарувања за отштета.

Парите од обврзницата, 450 милиони евра, денеска легнаа на сметката на Народна банка на Република Македонија.

Сподели: