Парламентарното мнозинство утринава ќе се обиде да достави иницијатива за свикување на собранието

Сподели

Пратениците од парламентарното мнозинство од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците денеска рано ќе поднесат иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието до претседавачот на првата седница Трајко Вељаноски, потврдија извори од СДСМ за  САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од собраниските служби велат дека ако пристигне иницијативата со минимум 61 потписи, тие ќе го известат претседавачот Трајко Вељаноски. Според Деловникот, нема предвидено рок во кој претседавачот е должен да свика продолжување на седницата од 30 декември минатата година, туку треба да го направи тоа „кога ќе се создадат услови“.

По примање на иницијативата, Вељаноски треба да свика координација за да се одреди составот на Комисијата за избори и именувања, како и дневниот ред на седницата.

sdk.mk