Вести Македонија Ударни вести

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една изборна единица

Сподели:

 

По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог – измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници.

Со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина.

Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања.

Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

 

Сподели: