Колку ги познаваме писателите чии имиња ги знаеме напамет?
Културно-информативен центар – Скопје ве поканува на промоцијата на „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, во издание на „Матица македонска“. На 3 ноември, во 19 часот, во Салон „Империјал 2“,промоторката проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и авторот ќе ја претстават книгата и преку книжевен разговор.
Во книгата, истражувањето на есеите на Рацин и на необјавените драми на Васил Иљоски се среќава со препрочитувањата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Анте Поповски. Погледот се проширува и кон поезијата на авторите со активен опус и во XXI век и на генерациите родени во самостојна Македонија. Дваесет и три студии што покажуваат како еден ракопис или едно запоставено дело може да ја промени нашата претстава за писателот.
„Оваа книга не нуди последен збор. Таа нуди продолжување на разговорот“, пишува Антоновски во предговорот.


