Пендаровски: Бараме позитивна одлука и политички гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање  

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски во Охрид оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Северна Македонија како дел од неговата регионална турнеја во земјите од Западен Балкан.

 

 

“Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на ЕУ, конечно ќе го исполнат сопственото ветување од март 2020 година, кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Посетата на Шарл Мишел во овој турбулентен период за Европа и светот, на само неколку дена пред јунскиот Самит на ЕУ, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки”, изјави претседателот Пендаровски.

Ние бараме со месеци наназад, на состанокот на 23 јуни во Брисел, да добиеме зелено светло да започнеме преговори, бараме позитивна одлука сега. Бараме цврсти политички гаранции од Бугарија и ЕУ дека тоа ќе биде последното бугарско барање.  

„Само зборовите не ни се доволни, не е лошо да има нешто и на хартија“, изјави денеска претседателот Пендаровски.  

 

 

 

Европската Унија е цврсто посветена на македонската евроинтеграција, преговорите треба да започнат што поскоро, тоа е нашиот врвен приоритет. Ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија. Вклучен сум заедно со Франција и ЕУ да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу бргу што ќе биде важно и за Северна Македонија и за целиот регион – порача во Охрид претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.