Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Пендаровски: Европа покажа дека знае да цени политичка храброст

Сподели:

 

Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови. Извештајот е најдобар досега, порача претседателот Стево Пендаровски, по врачувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2019 година.

ЕУ знае да ја цени политичката храброст. На земјава ѝ преостанува да се бори против корупцијата.

-Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Овде би истакнал дека во извештајот се препознаени нашите напори во насока на враќање на довербата на граѓаните во институциите, зголемената отчетност, транспарентност и одговорноста на носителите на клучните политики. Но, и обврската за преземање на одговорност во случаите кадешто има идентификувани коруптивни дејствија и соодветен институционален одговор – рече шефот на државата.

Пендаровски вели дека е потребно интензивирање на реформите, со вклученост на сите политички фактори.

– Очекувам и барам од сите релевантни политички чинители во Република Северна Македонија да ја препознаат важноста на моментот и преку одговорен и конструктивен пристап да дадат придонес за напорите на државата за нејзиниот напредок на европскиот пат – вели Пендаровски.

Сподели: