Пендаровски: Можно е да има нов договор од Пржино

Сподели

stevo-pendarovski

По сите проценки, не само мои, се наоѓаме во последната фаза од расплетот на политичката криза, вели Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ на претходните избори, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Ако Македонија можеше да издржи десет години мека диктатура, нема причина да не издржи уште некој месец за да дојдеме конечно до слободата. Јас знам дека ова е голема казна во однос на економскиот систем на државата, во однос на тоа што граѓаните очекуваат во еден нормален амбиент кога би се правел бизнисот, меѓутоа ние сме со години, за жал, во една вонредна состојба предизвикана од оваа влада, која е генератор на сите проблеми во Македонија во изминатава декада – вели Пендаровски.

Според него, опозицијата се решила на институционална разврска на кризата, а не на насилно влегување во институции.

– Бидејќи се решивме сите ние што сме на страната на опозицијата на таков тип на ангажман, претпоставувам дека може и да има некаков нов тип на договор од Пржино, Пржино 1, 2 , 3, 4, како сакате именувајте го. Повторно низ политички договор ќе се оди кон создавање услови за избори, за демократски и фер избори. Не гледам друг начин дека кој било заговара, а притоа да има мнозинство на страната на опозицијата да се влегува насилно и да се оди на насилно освојување на власта, бидејќи и така да одите, утре, задутре пак мора да имате избори – вели Пендаровски.

Пендаровски: Можно е да има нов договор од Пржино