Вести

Швајцарците на референдум за воведување основен месечен додаток

Сподели:

SHvajtsarija-zname

Жителите на Швајцарија денеска гласаат на референдум на кој треба да се изјаснат во врска со иницијативата за воведување основен месечен додаток во износ од 2.500 франци (околу 2.200 евра), кој Владата би им го исплаќала на швајцарските државјани што се навработени или имаат помали примања од оваа сума.

Според предлогот, покрај полнолетните граѓани кои би го довивале целиот месечен основен додаток, секое дете треба да добива сума во износ од една четвртина од средствата што би им се исплаќале на возрасните.

Реферндумот е распишан по иницијативата што ја потпишаа 100.000 швајцарски државјани.

– Поголемиот број луѓе сакаат да го планираат својот живот. Некои од нив можеби ќе решат да одморат од работа неколку месеци, па овој додаток ќе им овозможи усови за живот. А кога ќе им здодее од неработењето, повторно ќе се вратат на работа – изјави координаторот на иницијативата Даниел Строб.

Швајцарската влада ги советуваше граѓаните да го отфрлат ваквиот предлог, пренесувајќи ги мислењата на експертите дека исплатата на ваквите додатоци би довела до крах на буџетот на земјата.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека ваквата иницијатива ја поддржуваат околу една четвртина од Швајцарците.

http://meta.mk/shvajtsartsite-na-referendum-za-voveduvane-osnoven-mesechen-dodatok/

Сподели: