Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество

Сподели

 

По повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

“Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.

Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци. А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас.”