Пендаровски со обраќање на Парискиот мировен форум

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски следната недела, во вторник и среда ќе присуствува на Парискиот мировен договор, каде ќе има и обраќање на форумот, на кој се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Кабинетот на претседателот ја потврди средбата која треба да се случи со францускиот претседател Емануел Макрон на 12 ноември.

Доколку дојде до средбата, таа ќе биде прва воопшто на македонски фунционер со Макрон, по француското НЕ, на Самитот во јуни и во октомври оваа година.