Пет болнички возила од армијата за Брзата помош

Сподели

 

Пет болнички возила на Армијата од денеска и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови.

 

 

“Од денеска на располагање имаме 5 болнички возила од Армијата кои ќе ги користиме за транспорт на пациенти. Се заблагодарувам на министерката Шекеринска и началникот на генералштабот за мобилизацијата на Армијата да помогне во справувањето со ковид-19 кризата. Оваа помош ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за брз транспорт на пациенти, а во возилата ќе се користат и транспортните респиратори кои ги добивме како помош од НАТО”, изјави министерот Венко Филипче, кој денеска заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на предавањето на воено-санитетските возила.

 

 

“Со овие возила се зајакнуваат капацитетите кои ќе овозможат брза реакција на здравствените институции во моементи на тешки здравствени ситуациии.Тоа се возила кои даваат можност за транспорт на повеќе лица. Ги даваме како поддршка затоа што сега сите ресурси на државата, треба да ги насочиме тука, – изјави министерката за одбрана,  Шекеринска.