Вести Македонија

Петнаесет загинати во вчерашното невреме во Скопје

13900827_10205167818834835_322492353_n

Најмалку 15 лица ги загубиле животите во синоќешното големо невреме кое го зафати Скопје, информираат привично за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека ова се досегашните неофицијални податоци за загинати лица, констатирани до утрово. Според МВР, сите жртви се од североисточниот дел на Скопје кај Стајковци и околината, кои беа најпогодени од вчерашното невреме.

Од МВР подетални информации најавуваат во текот на денот.

Служебите на град Скопје и граѓаните и и утринава ги расчистуваа штетите, поплавените сообраќајници, куќи, дворови, подруми и гаражи, по синоќешното невреме кое остави пустош во Скопје.

Засега не се вкупниот биланс на штетите предизвикани од невремето.

Од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) утрово соопштија дека поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, од синоќа од 20 часот во прекин е сообраќајот по обиколница од клучката Хиподром до клучка Сарај, кој сè уште трае.

„Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на обиколницата“, велат од АМСМ.

Од другите сообраќајници, ситуацијата беше најкритична кај клучката во Автокоманда која беше блокирана кај хотелот „Континентал“, потоа подвозникот на булевар Србија кон Аеродро, дел од булеварот Кочо Рацин во Центар и патот кон населбите Драчево и Пинтија.

Неколку десетини граѓани се најдоа заглавени во своите возила и преку социјалните мрежи јавуваа дека водата почнала да им влегува во автомобилите. Според информциите, на помош на терен, покрај стручните служби на Град Скопје биле испратени и припадници на специјалните полициски единици.

Делови и од Скопје и околината со часови беа без струја.

Дел од медиумите, повикувајќи се на информации од Упрвата за хидрометеоролшки работи (УХМР), пишуваат дека синоќа во Скопје за два и пол часа наврнале 33 литри дожд на квадратен метар, количество кое обично наврнува за цел месец август. Инаку во изминатите 24 часа, според УХМР, во Скопје наврнале 93 литри дожд на квадратен метар.

Големи врнежи од дожд вчера попладне предизвикаа неколку свлечишта и блокираа два патни правци во Тетовско. Затрупан беше патот на влезот од Шипковица и патниот правец на излезот од Шипковица кој води кон селата Бродец и Вешала кој беше со наноси од камења и земја. На овие места веднаш беше испратена градешна механизација за расчистување на наносите и санирање на штетите.

Сподели: