Петровска: Јас не се сложувам со одлуката на судот-мислам дека треба да си ја преиспитаат одлуката

Сподели

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека не е задоволна од постапките на судот за насилството во Македонската навигација. 

“Таквите појави и однесувања на вработените и реакциите на синдикатите покажаа дека со таа институција недоволно добро се раководело, истакна министерката за одбрана”, Славјанка Петровска, одговарајќи на прашањето како ги коментира последните случувања во М-НАВ.

„Во однос на одлуките што ги донесе судот, лично јас не се сложувам и мислам дека треба да си ја преиспитаат одлуката. Не сакам од позиција на министерка да влијаам на одлуките на судството, но мислам дека целата оваа ситуација треба малку посериозно да ја сфатат“- порача денес Петровска додавајќи дека Министерството за внатрешни работи професионално ја завршило работата за овој случај и дека сега се на ред другите институции до крај да го расчистат случајот.

„Јас кажав и минатата недела дека нема компромис со безбедноста на македонското небо и впрочем и на вчерашната седница на влада се оствари она што го најавивме во соопштението. Се одржа седницата, беше даден предлог од претседателот на Владата за разрешување на директорите, тие беа разрешени и на нивно место беа поставени нови директори“ посочи Петровска, повикувајќи ги сите политички партии да не го користат овој случај во дневно партиски цели.