Вести Македонија Ударни вести

Петровска на конференција “Жени во политиката-говор на омраза, сенка која обесхрабрува”

Сподели:

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на панел дискусија посветена на жените во политиката, во рамки на конференцијата: ,,Жени во политиката – говор на омраза, сенка која обесхрабрува” во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка од UN Women.

На панелот, министерката го сподели своето лично искуство, но и нејзиниот одговор на родовата дискриминација со која се соочи веднаш по стапувањето на функција министерка за одбрана, поддршката од блиските и поддршката од граѓанските организации.

 

 

„Причините поради која денеска уште седам како министерка за одбрана и покрај сите напади на кои што јас се соочив, а сите вие бевте сведоци е токму поддршката која што ја добив, пред се од моите пријатели, пријателки и особено ме радува поддршката која ја добив од граѓанските организации, кои што всушност тогаш сфатив дека сето тоа го гледаат. Навистина беа и гласни во поддршката кон мене “, рече министерката. 

“Мојата порака е многу јасна: Со говор на омраза не се служат луѓе кои имаат капацитет да создадат дела – се служат луѓе кои го немаат тој капацитет и на кои не им останува ништо друго туку да бидат демотивирачки настроени и сакаат да ги запрат оние тргнале да го променат светот на подобро”, истакна Петровска на панел дискусијата.

Петровска ги охрабри сите жени и девојки чија идна определба е политиката да не потклекнуваат на нападите и родовата дискриминација, туку со работа,  храбро и одлучно да се борат против стереотипите и говорот на омраза.

„Залудно почнуваат борба против било која жена затоа што ние сме истрајни, ама сме уште посилни кога сме нападнати“, порача министерката.

Сподели: