Демократската унија за интеграција бара Владата веднаш да објасни зошто прославата на „Деновите на Свети Сава“, на која главен гостин беше Милорад Додик, се одржала бесплатно во државна културна институција, додека за одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите биле наплатени 4.500 евра.
Уште поскандалозно е молчењето на ВЛЕН, коалицискиот партнер во Владата, кој секојдневно се претставува како застапник на еднаквоста и на заедниците, а нема ниту збор кога државните институции применуваат различни аршини.
За настан со Додик – бесплатно. За Денот на Ромите – 4.500 евра. За ВЛЕН – молк.
Дали ВЛЕН се согласува со ваквата политика? Дали нивните министри гласале за оваа одлука? И дали нивната улога во Владата се сведува само на молчаливо покривање на секоја неправда?
Државните културни институции не смеат да се користат според политичка блискост, етничка наклонетост или партиски интерес. Потребни се јасни, еднакви и јавно достапни критериуми за сите, реагираат од ДУИ.


