Вести Свет Ударни вести

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре стапуваат во штрајк

Сподели:

lufthanza

ФРАНКФУРТ (АА) – Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ повторно утре ќе стапат во штрајк за зголемување на платите, јавува Anadolu AgencyAnadolu Agency (AA).

Од синдикатот на германските пилоти „Вереинигунг кокпит“ (VC) повикаа на 24-часовен штрајк со почеток на полноќ, откако не беше постигнат договор со работодавците.

Во соопштението се додава дека 24-часовниот штрајк негативно ќе се одрази врз кратките и долгите линии низ целата земја.

Инаку, „Вереинигунг кокпит“ (VC) бара годишно зголемување од 3,66 отсто, а пак работодавачите не сакаат да ги зголемат платите.

Од синдикатот на германските пилоти исто така е соопштено дека преговорите со пилотите на „Луфтханза“ не вродиле со плод.

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ од 2014 година имаат стапено во штрајк 13 пати.

Сподели: