План 3-6-9: Спроведување на реформските приоритети (ВИДЕО)

Сподели

Премиерот Зоран Заев денеска изјави, дека со усвојувањето на Акцискиот план 3-6-9, Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции по долгиот застој.

Тој на прес-конференција појасни дека именувањето на планот 3-6-9, всушност ги означува мерките и активностите што треба да се спроведат во наредните три, шест и девет месеци.

Според него, целта на планот е до локалните избори во октомври годинава, Владата да ги испорача првичните резултати, до декември да биде отстранета условената препорака, а до наредниот извештај на ЕК на пролет следната година, Македонија да добие и датум за почеток на преговорите.