Вести Македонија

По пет години во затвор, Љубе Бошкоски денеска е ослободен

Сподели:

files

Попладнево е ослободен од затвор Љубе Бошкоски, кој издржуваше затворска казна пет години, дознава „Фокус“.

Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“, за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор, кои истекуваат в недела.

На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

Неговиот случај беше нотиран од Стејт департментот во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

http://meta.mk/po-pet-godini-vo-zatvor-lube-boshkoski-deneska-e-osloboden/

Сподели: