Почина 69-годишен пациент од компликации од грип

Сподели:

На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Пациентот бил донесен на Клиниката во исклучително тешка здравствена состојба, со потврдена лабораториски инфлуенца А. Тој бил со веќе развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Симптомите се развиле пет дена пред хоспитализацијата, а поради сериозноста на состојбата бил поставен на механичка вентилација, изјави д-р Цана.

Пациентот имал повеќе коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако припаѓал на ризична група.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 30 пациенти заболени од грип, повозрасни лица со компликации.

Сподели: