Почина актерот Салаетин Билал – Исклучителната театрографија згасна

Сподели

Македонскиот актер Салаетин Билал почина на 76. годишна возраст.

Билал, долгогодишниот познаник на македонската и светската публика, препознатлив по својот посебен сензибилитет и актерска креативност, оваа година е еден од добитниците на највисоката награда на нашиот Фестивал. Тој беше еден од најактивните актери кај нас, адекватно застапен на повеќе јазични говорни подрачја и во сите аудиовизуелни медиуми. Ретка актерска фигура која освојуваше со својот однос кон сцената и пред камера, кој знае да создаде интересни ликови, привлечни за гледање за секоја публика.

Љубовта кон театарот може да се препознае и во повеќето негови обиди за доближување на некои од драмите на пошироката публика, со неговите преводи и активната помош што ја дава на помладите колеги. Исклучителната театрографија на Салаетин Билал, брои улоги во претставите на повеќето значајни театарскии филмски режисери кај нас и во странство.

 

Добитник на наградата за животно дело, која е признание и потврда за целокупната работа што ја има направено актерот Салаетин Билал за театарската уметност во Македонија.