По кратко боледување, денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
Томиќ беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија речиси 13 години, од 2007 до 2018 година, каде што работеше како уредник во информативната редакција. Во текот на својата професионална новинарска кариера, колегата Томиќ ги следеше настаните од надворешната политика.
Тој беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочувство до семејството и пријателите.
