Вести Свет Ударни вести

Почина Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на ОН – нобеловец на наградата за мир

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и добитник на Нобеловата награда за мир почина на 80-годишна возраст.

Анан е роден во Гана и го завршил Институтот за напредни меѓународни студии во Женева. Тој беше седми генерален секретар на ОН и прв Африканец на оваа позиција. Анан на функцијата беше од 1997 до 2006 година. Тој беше и функционер на Светската здравствена организација и помошник на генералниот секретр за мировни операции на Он во Босна и Херцеговина. Од октомври 1995 година беше и специјален претставник на Он за поранешна Југославија.

Тој исто така беше и специјален пратеник на Светската организација за Сирија, обидувајќи се да пронајде мировно решение, но исфрустриран од тоа што не доби поддршка од Советот за безбедност на ОН тој се повлече од функцијата.

Анан заедно со Обединетите нации во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мир, за нивните „напори за подобро организиран и помирен свет“.

Анан заедно со Обединетите нации во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мир, за нивните „напори за подобро организиран и помирен свет“.

Фондацијата „Кофи Анан“ исто така ја соопшти веста за негоата смрт. „Почина мирно, по кратка болес“, пишуваше во соопштението во кое се наведува дека смртта настапила во болница во Берн. Фондацијата го опиша како „глобален државник, длабоко посветен интернационалист, кој во текот на целиот живот се борел за помирен и поправеден свет“..

 

Сподели: