Почина легендарната Дорис Деј

Сподели

 

Американска актерка и пејачка Дорис Деј почина на 97 годишна возраст. Таа беше активист за правата на животните од нејзиното повлекување од шоу-бизнисот.

Се здоби со слава во 50-те и 60-те, а се прослави со филмовите „Pillow Talk”, „Love Me or Leave Me” and „The Man Who Knew Too Much”. Се има појавено во повеќе од 39 филмови, има снимано повеќе од 650 песни, номинирана е за Оскар, добитник е на Златен Глобус и Греми, и во 1989 години ја добива наградата Cecil B. DeMille за животно остварување во филмската уметност.

Таа живееше повлечено откако заврши со актерската кариера пред повеќе од 30 години и за последен пат се појави на јавен настан во 1989 година, кога ѝ беше доделен почесен Златен глобус.