Вести Свет

ЛСИ: Владата на Рама треба да падне денеска, за утре да не биде доцна

На само неколку часа пред почетокот на протестот на обединетата албанска опозиција во Тирана, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) упати порака дека Владата на премиерот на Албанија, Еди Рама треба да падне денеска, „за да утре не биде доцна“, – пренесе МИА.

Ставот на ЛСИ, која е трета по големина партија во земјата, а втора во обединетата опозиција, го изнесе генералниот секретар Ендрит Браимлари, додавајќи дека денешниот „ќе биде решавачки ден“.

Тој упати апел до граѓаните што помасовно да излезат на вечерашниот протест што почнува во 18:30 часот пред Владата во Тирана, за да му покажат на премиерот Рама дека народот веќе донел одлука.

– Народот веќе ја донесе својата одлука. Така, денеска, сите заедно, во 18.30 на протест пред Владата за да му кажеме губи се на овој неодговорен, корумпиран, нелегитимен премиер произлезен од украдените гласови со криминалот на изборите во 2017 година. Денеска, за утре да не биде доцна, порача Браимлари.

Обединетата опозиција, по саботниот протест што беше исполнет со насилство врз полицијата и државниот имот, вечерва ќе го одржи петтиот по ред, како што го нарекува „национален протест“.

Претставниците на меѓународните мисии, како и амбасади во Тирана, побараа од учесниците во протестот да се воздржат од насилство и на мирен и достоинствен начин го остварат нивното демократско право на протест.

Сподели: