Вести Македонија Ударни вести

Почина Мите Грозданов – доајенот на македонскиот театар

Сподели:

Доајенот на македонскиот театар, Мите Грозданов почина на 75. годишна возраст.

Тој беше актер на Драмскиот театар во Скопје каде што работеше од 1967 година, сѐ до пензионирањето во 2008 година.

Роден е во Струмица на 14. декември, 1943 година. Во својата четириестгодишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“.

Добитник е на голем број награди, како „Млад борец“, Златен ловоров венец на МЕСС, Сребрена колајна на Фестивал на монодрама во Земун, Актер на годината на „Екран“, награди за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, на кој во 2010 ја доби и наградата за животно дело.

Сподели: