Магазин Наука и Технологија

Кинезите со најнапредно вештачко Сонце

Сподели:

За време на четири месечниот експеримент преку кој се создаваат услови под кои Сонцето произведува енергија, постигнати се темпертури од 100 милиони степени Целзиусови, што претставува 7 пати повисока температура од јадрото на Сонцето. Со ова се истражува практичната употреба на нуклеарна фузија со крајна цел да се направи самооддржлива нуклеарна централа со реактор на фузија за производство на електрична енергија.

ЕАСТ нуклерниот (токамак) реактор е во облик на прстен кој користи високо напонски струи со чие магнетно поле се загрева плазмата од водород на 100 милиони °C. Досега повеќе лаборатории постигнале нуклеарна фузија во времетраење од една минута, но овој случај е особено важен поради повисоката постигната температура. Внатрешноста на Сонцето е 15 милиони °C, за да се постигне нуклеарна фузија без високите притисоци кои се наоѓаат во Сонцето потребни се 7 пати повисоки температури.

Минатата година била задржана плазмата цели 100 секунди, а во овој случај температурата е дури 20% повисока од претходните обиди. Со сите овие експерименти се прави чекор напред во воспоставување на постојана фузија во контролирана средина од каде во иднина би можеле да имаме сосема чист исвор на енергија без радиоактивен отпад штетен за околината.

orion.mk

Сподели: