Почина шаховскиот велемајстор Борис Спаски

Сподели

Борис Спаски, рускиот велемејстор во шах и поранешен светски шампион, почина на 89-годишна возраст.

Врвот го достигна со освојувањето на Светското првенство 1969 година. Подоцна, неговиот меч со Роберт (Боби) Фишер во 1972 година, прогласен за „меч на векот“, остана запаметен во шаховската историја.

С

паски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а три пати се натпреваруваше за светската титула (1966, 1969, 1972 година).

Во 1976 година, Спаски имигрираше во Франција, во 1978 стана француски државјанин, а во 2013 ја напушти Франција и се врати во Русија каде остана до својата смрт.

Спаски во текот на кариерата настапуваше за Советскиот Сојуз, Франција и Русија.