Вести Македонија

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Сподели:

 

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

 

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на градежните работи на почетокот од изградбата и истакна дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот.

Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.

Сподели: