“Емигранти” – ПРЕМИЕРА, Драмски театар, 18 март
Режија: Зоја Бузалковска
Сценски дизајн и изведба на сценографија: Мартин Манев
Извршна продукција, дизајн на плакат: Павле Игновски
Дизајн на звук: Саше Ѓорѓиев
Дизајн на светло: Мартин Манев
ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ
ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ
Суфлер: Жаклина Цветковска
Премиера: 18.3.2023 година
Времетраење: 1ч. 50м.
Извонредна провокација за еден веќе искусен режисер и двајца бескрајно надарени млади актери. Брутално реалистичната приказна би божела да биде и нејзина и нивна, истовремено. Нејзина, онаа на заточеничка во својата возраст, во своите позиции во општеството во длабока криза, во своите длабоко пуштени корени тука, во својата потреба од конечна валоризација на еден живот посветен на други, ама на некое друго место и нивната, онаа на луѓе на стартот на своите надежи и идеали, а веќе изморени од животот во општество кое тврди дека некаде оди со јасна визија каде, а всушност стои во место, откако се родиле па се до денес…
