Почна лидерската средба без лидерот на СДСМ

Сподели:

Денеска, со почеток во 12 часот во Клубот на пратеници, започна лидерската средба.

На средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ.

Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одби да учествува на средбата, со што за првпат да се одржува лидерска средба на која нема да учествува најголемата опозициска партија.

На дневен ред на средбата ќе се разговара за укинување на техничката влада, за реформските закони во правосудството, измени во Изборниот законик и за избор на нов народен правобранител.

По завршувањето на средбата предвидено е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Сподели: