Почнува Европското Првенство во ракомет 2018

Сподели

Од денеска до 28. јануари Хрватска е домаќин на 13. ракометно Европско првенство, Македонија по петти пат е на континенталниот собир, селекцијата на Германија ќе го брани големиот трофеј.

Репрезентацијата на Македонија својот петти настап на европските шампионати, четврти по ред, го отвора утре во Загреб против Словенија предводена од Веселин Вујовиќ.

Нашиот прв настап е утре кога со почеток од 19:30 ќе играме против Словенија.

Два дена подоцна ќе играме со Црна Гора а на 17. јануари групната фаза ќе ја заокружиме со актуелниот европски шампион Германија.

Првите три селекции од нашата група патуваат во Вараждин каде ќе вкрстат со трите најдобри од групата Д каде се Данска, Шпанија, Унгарија и Чешка.