Вести Македонија Ударни вести

Почнува осмиот Самит „Македонија 2025″

Сподели:

 

Домашни, регионални и странски експерти од областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, лидерството, иновациите и технологиите учествуваат на 8. самит „Македонија 2025″ што официјално почнува денеска.

На отворањето на самитот се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, како и на Ана Арсов, претседавачка на самитот и членка на Одборот на директори на „Македонија 2025″, Вера Ставроф, претседавачка на Одборот на директори на „Македонија 2025″ и Никица Мојсоска Блажевски, главна извршна директорка на „Македонија 2025″.

Најавени се над 400 учесници и над 15 панел-дискусии, неколку засебни тематски сесии, интерактивни настани за вмрежување. Главни теми на самитот се работните вештини и иновациите што можат да помогнат во намалување на загадувањето. Ќе се говори и за глобалните и геополитички трендови, можностите за финансирање мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформ-компании…

„Глобални геополитички трендови и импликации за регионот”, „Југоисточна Европа: раст на неизвесноста или посветла иднина”, „Иднината на работните места и вештините”, „Културата во семејните бизниси: сопственции и сите други” и „Македонски дигитални платформ-компании”, се темите на панел-дискусиите што се на денешната агенда на самитот.

Во пресрет на официјалното отворање на самитот, вчера се одржа бизнис-натпревар на средношколци, како и натпревар на стартапи.

 

Сподели: