7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната 10 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Сподели: